Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

За нас

Aquasave е компанија во приватна сопственост којашто обезбедува специјалистички консултантски и договорни услуги во областа на контрола на загубата на вода за сите комунални претпријатија, институции и претпријатија од јавниот сектор, индустриски и комерцијални субјекти и индивидуални потрошувачи насекаде низ Македонија и пошироко во регионот. Ние сме специјализирани за методологии и техники за намалување на загубите на вода, вклучувајќи откривање на истекувања, лоцирање на цевки, анализа на потрошувачката на вода и управување со притисокот. Aquasave нуди реализација на сите фази на животниот циклус на проектите во оваа област, почнувајќи од истражување, анализа и дизајн, преку развој и планирање, па сè до имплементација.

Меѓу нашите клиенти се вбројуваат:

  • Општински системи за водоснабдување
  • Индустриски објекти
  • Болници
  • Институции
  • Универзитети и училишта
  • Воени објекти
  • Електрани
  • Инженерски компании
  • Градежни компании
  • Станбени комплекси
  • Приватни куќи

Ние, во Aquasave обезбедуваме комплетни услуги за сите нашите клиенти; од првичните консултации во текот на кои ги утврдуваме проблемите со кои се соочува клиентот, па сè до реализацијата на договорните услуги од страна на нашиот искусен персонал.

Посветени сме на обезбедувањето на брза  и професионална услуга во сите аспекти на нашето деловно работење, како и одлична грижа за корисниците. Без оглед на тоа дали станува збор за станбен или деловен објект, ако во него има подземна водоводна цевка со нерегистриран дефект од кој истекува вода, тогаш тоа:

  • Непотребно ја зголемува вашата сметка за вода
  • Предизвикува одредено оштетување на имотот
  • Троши количини на сè поскапиот ресурс каков што е водата

Основанa од

Aquasave е основана и во сопственост на г-дин Бојан Ристовски, дипл.ел.инж. кој специјализирал во управување со водните ресурси и услуги во водоводните комунални претпријатија, со над 20 години работно искуство, вклучувајќи управување и надзорни одговорности во јавно претпријатие за водоснабдување и одведување на отпадни води. Опсегот на неговото искуство вклучува сеопфатно познавање на принципите и практиките на управување со Неприходната Вода (Non Revenue Water Management), развој на ефикасни методологија за намалување на загубата на вода, лоцирање на местата на дефекти, обука на вработените во комуналните претпријатија во однос на NRW активностите ... Тој е член на Меѓународната асоцијација за води (International Water Association) и Специјалистичката група за загуба на вода (Water Loss Specialist Group) од 2002 година.

Нашата мисија

Да обезбедиме најсеопфатен опсег на услуги  и производи за управување со загубите на вода и лоцирање на местата на истекување на вода за сите корисници на вода од јавниот и приватниот сектор преку директни консултации и партнерство со соработниците. Нашата цел е обезбедување на врвна услуга на нашите корисници со акцент на грижата за корисници, безбедноста, квалитетот и усогласеност со договорените проектни буџети и програми.

Нашата визија

Да помогнеме да се зачува водата – нашиот најдрагоцен ресурс, како и да бидеме водечки регионален давател на неинвазивни производи и услуги за откривање на истекувањата на вода и решенија за управување со водата, а при тоа водејќи сметка за заштитата на животната средина.  

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ