Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Перманентното следење на потрошувачката

Перманентното следење на потрошувачката на вода на институциите, комерцијалните објекти и приватните субјекти подразбира постојано следење на протокот што влегува во системот за водоснабдување преку GSM уредот за снимање на податоци што би го поврзале со вашиот постоен водомер.

Ова овозможува моментална реакција на истекувањата штом тие ќе настанат, наспроти плаќање за неискористена вода за непознат временски период, што подразбира непотребни трошоци и дозволува можности за појава на штета по вашиот имот и средства.

За одреден месечен надомест утврден по договор, Aquasave може да гo поврзе GSM уредот за снимање на податоци со вашиот водомер, овозможувајќи ни да ја следиме вашата потрошувачка од минута во минута, од час во час или на дневна основа. Потоа, согласно договореното, ние ќе ве известиме за вредностите на протокот и профилот на потрошувачката, но што е уште поважно, веднаш ќе ве известиме за евентуалниот настанат нов дефект или проблем.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ