Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на
  • Висока вредност на Неприходна вода во Вашиот водоснабдителен систем?

    За комуналните претпријатија кои се занимаваат со услугата водоснабдување, високото ниво на Неприходна вода (технички и комерцијални загуби на вода) подразбира големи трошоци.

    ПОВЕЌЕ
    slider-image
  • Дефект на водоводната мрежа?

    Најсовремената опрема за откривање на истекувања и високо стручниот кадар го прават Аквасеив вашиот прв избор во случај на истекување од кој било вид кај приватни лица, комерцијални објекти, институции и комунални претпријатија; доколку има истекување, ние ќе го најдеме!

    ПОВЕЌЕ
    slider-image
  • Висока сметка за вода?

    Можно е да имате дефект на водоводната инсталација! Неоткриеното истекување од водоводната инсталација може да го чини потрошувачот илјадници денари, а водата неискористена се губи во земја.

    ПОВЕЌЕ
    slider-image
  • Како да проверите дали имате внатрешен дефект?

    Со едноставна проверка на вашиот водомер може да утврдите дали имате дефект на внатрешната водоводна инсталација.

    ПОВЕЌЕ
    slider-image
  • Сакате да ги намалите трошоците за вода?

    Многу индустриски, комерцијални, институционални и резиденцијални објекти во одредени сегменти може да станат поефикасни од аспект на потрошувачката на вода.

    ПОВЕЌЕ
    slider-image

ЛОЦИРАЊЕ

дефект на инсталација

ОДРЕДУВАЊЕ ТРАСА

на непозната инсталација

УПРАВУВАЊЕ

со притисок

АНАЛИЗА

на потрошувачка на вода

УРЕДИ

за заштеда на вода

Наши услуги

admin

АКВАСЕИВ ПРИСТАП

во намалување на неприходна вода (NRW)

tablet

ЛОЦИРАЊЕ

дефект на инсталација

plane

АНАЛИЗА

на потрошувачка на вода

flag

БИЛАНС

на потрошувачка на вода според IWA

flag

ОДРЕДУВАЊЕ

траса на инсталација и локација на затрпани делови од феромагнетен материјал

flag

ПЕРМАНЕНТНО

далечинско следење на потрошувачката

flag

МЕРЕЊЕ

на проток и притисок

flag

УПРАВУВАЊЕ

со притисок

flag

УРЕДИ

за заштеда на вода

flag

ДИЗАЈН И ЕВАЛУАЦИЈА

на зони на потрошувачка (DMA)

flag

ОБУКА

и трансфер на технологија

flag

ТЕСТ

во чекори

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ

ЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА ЗА ПРОВЕРКА ДАЛИ ИМАТЕ ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНАТА ИНСТАЛАЦИЈА:

1 ЧЕКОР

Погледнете го водомерот. Ќе забележите на него црвен триаголник или сребрено-црн тркалезен диск кој обично се нарекува „индикатор за дефект“.

2 ЧЕКОР

Ако сите потрошувачи на вода се исклучени а индикаторот врти, имате дефект на внатрешната водоводна инсталација. Ако водомерот нема индикатор, а самата стрелка на водомерот се движи, тогаш исто така имате дефект во вашиот систем.

3 ЧЕКОР

Ако на прв поглед стрелката не се движи, забележете ја позицијата на стрелката и почекајте 10 минути. Проверете го водомерот повторно, доколку состојбата се променила, имате слабо истекување кое сепак побарува негова точна локација и брза санација.

ФАКТИ ЗА ИСТЕКУВАЊЕ:

admin admin
Тоалетното казанче кое пропушта може да потроши 285.000 литри вода годишно!
tablet tablet
Чешма која пропушта една капка вода во секунда троши повеќе од 25 литри вода дневно! Тоа се над 9.000 литри годишно!
plane plane
Низ дупка од 3мм во цевка, при притисок од 2.75 бари, истекуваат 9.463 литри вода за 24 часа

ЗНАЦИ И СИМПТОМИ НА ИСТЕКУВАЊЕ:

Можно е да имате истекување-дефект на водоводната мрежа доколку:
  • Слушате континуиран звук на вода (како тоалетно казанче што се полни) кога ништо не е вклучено.
  • Состојбата на вашиот водомер се менува дури и кога воопшто не користите вода.
  • Вашата сметка за вода се зголемила во период од неколку недели или месеци.(Направете споредба на вашите сметки од месец за месец.)
  • На ѕидовите или подовите од вашиот стан/куќа, канцеларија забележувате водени, сунѓерести, влажни или обезбоени места и покрај тоа што знаете дека ништо не се истурило.
  • Можете да забележите влажни места на подот или на ѕидовите каде што се наоѓа внатрешната водоводна инсталација
  • Во темелите на вашата зграда има пукнатини, вегетацијата расте нерамномерно или почвата се поместува без некоја очигледна причина

СОВЕТИ ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА ВОДА

Заштедата на вода во вашиот дом, канцеларија, институција, фабрика, значително ќе придонесе не само за намалување на висината на вашите сметки, туку и за зачувување на водата како природен ресурс.

Тоалетно казанче

Тоалетните казанчиња користат околу една третина од целокупната потрошувачка на вода во вашиот дом. Обично традиционално казанче користи околу 10 литри на едно пуштање вода. Ова значи дека веројатно испуштате повеќе вода дневно отколку што ќе испиете за еден месец.
  • Неисправно казанче дневно троши исто колку и четворочлено семејство, а тоа годишно изнесува 285 метри кубни вода
  • Не го користите тоалетот за исфрлање на пепел од цигара или ситен отпад, со што би заштедиле и до 200 л неделно.
  • Купувајте казанчиња само со двоен систем за испуштање вода (3/9л).
  • Инсталирајте уред за заштеда, кој пропушта вода само при притисната рачка/копче, на кој начин заштедувате и до 50% вода. Истевремено уредот не дозволува заглавување на пловак/арматура и континуирано истекување на вода.

Наши клиенти