Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Биланс на потрошувачка на вода според IWA

Најголемиот предизвик со кој се соочуваат претпријатијата за водоснабдување и општините е како да се справат со високото ниво на неприходна вода (NRW). За повеќето претпријатија за водоснабдување, нивото на NRW е клучен индикатор за ефикасноста во работењето. Меѓутоа, поголемиот број на комунални претпријатија имаат тенденција да го потценуваат нивото на NRW поради институционални и политички притисоци, како и поради недостаток на знаење за тоа како правилно да го утврдат нивото на NRW. 

Само со квантифицирање на NRW и нејзините компоненти, со пресметување на соодветни индикатори за работењето и со претворање на количините на загубена вода во парични вредности ситуацијата со NRW може правилно да се разбере и да се преземат потребните мерки. 

Првиот чекор за намалување на NRW е да се развие и да се воспостави биланс на потрошувачка на вода, што како процес им помага на менаџерите на претпријатијата да го разберат обемот, изворите и цената на NRW. Билансот на потрошувачка на вода обично го следи протокот на вода од извориштата или фабриките за преработка на водата, преку системот за дистрибуција на вода, па сè до имотите на корисниците. Билансот на потрошувачка на вода обично се подготвува во форма на табеларна пресметка во којашто се дадени детални податоци за различни видови на потрошувачка и загуби кои постојат во системот за водоснабдување на соодветната општина. 

Билансот на потрошувачка на вода кажува колкава е загубата на вода од секој вид и колку тоа го чини претпријатието за водоснабдување. Клучниот концепт на овој метод е дека целата вода се квантифицира - преку мерење или проценка - како форма на корисна потрошувачка или како непотребна загуба. 

Слика 1. Биланс на потрошувачка на вода според IWA (Сите податоци претставени со обем за референтниот период, вообичаено една година) 

Aquasave користи софтвер за пресметување и презентирање на компонентите и резултатите на билансот на потрошувачка на вода во стандардизиран формат препорачан од страна на IWA. Софтверот е дизајниран за да им помогне на корисниците да ги разберат големиот број на податоци коишто се генерираат од сеопфатниот баланс на потрошувачка на вода. Софтверот овозможува пресметување на широк опсег на клучни индикатори, вклучувајќи и ILI (Infrastructure Leakage Index).

Дозволете Aquasave да ве води низ вашиот Биланс на порошувачка на вода според IWA и да осигури вашите цели за намалување на загубата на вода да бидат остварливи, ефикасни и успешни. Контактирајте нè на: contact@aquasave.mk 

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ