Aквасеив пристап во намалување на неприходна вода (NRW)
Аквасеив обезбедува дијапазон на услуги за општинските комунални претпријатија за водоснабдување со цел оптимизирање на управувањето и функционирањето на јавните системи за производство и дистрибуција на вода. Конкретно, компанијата е специјализирана во областа на управување со Неприходна вода од сите аспекти, покривајќи ги реалните (технички) и привидни (комерцијални) загуби на вода. Раководните лица во општините и комуналните претпријатија може да имаат целосна доверба во Аквасеив, поради докажаната способност на ова поле во рамките на сите фази на проектниот циклус - од испитување, анализа, дизајн, развој до планирање и имплементација.
Проектите кои ги реализира Аквасеив најчесто се состојат од сите или некои од следните услуги, како и дополнителни услуги кои може да се бараат за специфични проекти:
Аквасеив пристап кон намалување на загубите на вода