Знаци и симптоми
Можно е да имате истекување-дефект на водоводната мрежа доколку:
- Слушате континуиран звук на вода (како тоалетно казанче што се полни) кога ништо не е вклучено.
- Состојбата на вашиот водомер се менува дури и кога воопшто не користите вода
- Вашата сметка за вода се зголемила во период од неколку недели или месеци.(Направете споредба на вашите сметки од месец за месец.)
- На ѕидовите или подовите од вашиот стан/куќа, канцеларија забележувате водени, сунѓерести, влажни или обезбоени места и покрај тоа што знаете дека ништо не се истурило.
- Можете да забележите влажни места на подот или на ѕидовите каде што се наоѓа внатрешната водоводна инсталација
- Во темелите на вашата зграда има пукнатини, вегетацијата расте нерамномерно или почвата се поместува без некоја очигледна причина