Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Обука и трансфер на технологија

За комуналните претпријатија за водоснабдување, загубите на вода подразбираат големи трошоци. Не само што се губат приходи, туку се големи и можностите за оштетување на инфраструктурата и имотот. Во крајна линија, корисниците се должни да платат повеќе, а влијанието врз животната средина е негативно бидејќи од подземните и површински извори на вода се користат количини на вода поголеми од потребните

Придобивки

Понудената обука ќе ви овозможи подобро да ги разберете чекорите што можете да ги преземете за да изготвите ефективна Програма за управување со загуба на вода во рамките на вашата организација.

Во тек на обуката, тимот на Aquasave ќе ви помогне да направите пресметка на значителните придобивки што произлегуваат од проактивност при управувањето со загубите на вода во вашиот систем. Со оваа обука се опфатени клучни прашања во врска со Управувањето со загубата на вода и истата ви помага за воспоставување на Биланс на потрошувачка на вода според IWA (Меѓународна асоцијација за води), за поделба на вашата мрежа на DMA (Зони на потрошувачка) со цел да се следи потрошувачката на вашиот систем на делови и утврдување на минимален ноќен проток, за утврдување на вашиот ILI (Индекс на истекување во инфраструктурата), спроведување проекти за управување со притисок за моментално намалување на техничките загуби на вода, соодветно димензионирање на водомери, активна контрола на загубите на вода и др. Учесниците исто така ќе имаат можност да ја прегледаат и оценат опремата и техниките поврзани со практиките за управување со загубите на вода.

За кого е наменета обуката

Обуката е наменета за теренски работници, средни и високи раководни лица и директори и истата ги опфаќа следните теми:

  • Вовед во Управувањето со загубата и истекување на вода
  • Разбирање и воспоставување на Биланс на потрошувачка на вода според IWA
  • Теорија и дизајн на Зони на потрошувачка (DMA)
  • Управување со притисок (PM), оценка и дизајн
  • Опрема за откривање на истекување
  • Активна контрола на истекување
  • Стратегија за Неприходна Вода (NRW)
  • Студии во врска со Неприходна Вода
  • и уште повеќе...

Обуката ќе биде спроведена од страна на г-дин Бојан Ристовски (CV). Тој е дипломиран електро-инженер, специјализиран за управување со водните ресурси и услуги за водоснабдување во комуналните претпријатија, со искуство од над 18 години во рамките на кое бележи напредок во однос на неговите одговорности, вклучувајќи и раководни и надзорни одговорности во комунално претпријатие за водовод и канализација (Ј.П. Водовод и канализација – Скопје). Тој е активен член на Меѓународната асоцијација за води/Специјализирана група за загуба на води (Water Loss Specialist Group) уште од нејзиното основање и има активна улога во промовирањето на техниките и методологиите на WLSG во Македонија и Балканот.

Делокругот на неговото искуство вклучува сеопфатни познавања на принципите и практиките за оперативност и одржување на опрема и средства за водоснабдување, изготвување на ефективна методологија за намалување на загубите на вода, откривање на истекување од водоводни инсталации, дизајнирање и имплементација на Систем за управување со документација и автоматско читање на водомери (AMR), подготовка и ревидирање на документи во врска со Системи за управување со квалитет (QMS), обука на кадрите на комуналните претпријатија за водоснабдување за активности поврзани со намалување на Неприходна Вода.

Контактирајте нè.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ