Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Лоцирање дефект на водоводни инсталации

Лоцирање дефект на водоводни инсталации

Водата за пиење е драгоцен и скап ресурс. Неоткриеното истекување на водоводната инсталација може да го чини потрошувачот илјадници денари додека водата буквално истекува во земјата. Штетата од вода во подрумите од зградите може да биде незабележана одредено време, со тоа предизвикувајќи штета и на околните површини. Најголемиот дел од истекувањата се прикриени под земјата и не се манифестираат визуелно на површината.

Токму тука вештината и искуството на тим за откривање на истекувања стануваат бесценети. Користејќи најсовремена опрема за откривање на истекувања, стручниот тим на Aquasave може да обезбеди комплетни услуги за откривање на истекувања и во најкомлицирани околности и може да одговори за кратко време во итни ситуации.

Програмите за детектирање на истекувања на водоводните инсталации претставуваат економичен начин за зачувување на водата, заштеда на загубениот приход кај комуналните претпријатија и контрола на непотребните трошоци.
Како дел од нашата услуга, ние овозможуваме првични консултации со сите клиенти коишто имаат истекување или сомневање за постоење на истекување. Овие консултации ни помагаат да направиме преглед на проблемите со кои се соочува клиентот и да ги утврдиме чекорите што се потребни за лоцирање на истекувањата и заштеда на водата.

Aquasave се гордее со својата работа со клиенти насочена кон изготвување на решенија прилагодени токму за потребите на нивните системи.

Најсовремени детектори на истекувања

Со нашите најсовремени детектори на истекувања, ние сме во можност да го лоцираме изворот на истекувањето на вода во вашата област, дом, деловен објект или општинска водоводна инфраструктура, со минимален прекин на редовното водоснабдување! Горди сме што ја користиме најсовремената опрема за откривање на истекувања на вода што во моментов постои на пазарот.
Технологијата што ја применуваме во секојдневната работа се базира на различни методи на наслушнување на звукот што го создава истекувањето.

Сондирање

Сондирањето е систематско испитување на водоводните инсталации и тоа претставува метод на „наслушување“ на звуци на истекување на вода на затварачи, хидранти и достапни метални делови на подземни цевки под притисок, најчесто кога визуелно не се забележува вода што излегува на површината во дворовите или на улиците.
Основен инструмент е Контактниот микрофон за електронско наслушување, којшто се користи како едноставен акустичен инструмент што е електронски засилен. Оваа техника е сè уште широко претпочитана од страна на повеќето стручни лица.

      

Лоцирање со земјини микрофони

Оваа техника опфаќа поставување на микрофон на површината на земјата во интервали по должината на цевката и евидентирање на промените во засилувањето на звукот со приближување на микрофонот до позицијата на истекувањето. Земјиниот микрофон-Геофон може да се користи за прелиминарно и прецизно одредување на местото на истекување.

Корелација

Корелацијата е еден од најсофистицираните методи за пронаоѓање и лоцирање на истекувања во водоводните инсталации. Истекувањата се лоцираат со голема прецизност со користење на најсовремена компјутеризирана корелациона технологија. Системот се состои од централна процесорска единица, два високочувствителни сензори за прифаќање на вибрациите од истекувањата и два радио предаватели. Сензорите најчесто се поставуваат на достапните метални делови на мрежата, како што се хидранти, затварачи и др.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ