Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Управување со притисок

Многу системи за дистрибуција на вода се соочуваат со значителни флуктуации во побарувачката во текот на денот – периоди на најголема потрошувачка (наутро и навечер) комбинирани со периоди на ниска потрошувачка (во текот на ноќта). Некои системи можат да се соочат со сезонски флуктуации предизвикани од климатски фактори. Поради ваквиот режим на работа, најголемиот дел од системите за дистрибуција на вода се соочуваат со преголем притисок во текот на периодите на ниска потрошувачка (најчесто преку ноќ). Ова е очигледно од фактот што најголемите хаварии имаат тенденција да се случуваат во текот на доцните вечерни и раните утрински часови, кога притисокот во системите е најголем. Земајќи предвид дека нивото на загуба на вода во мрежите за дистрибуција на вода е функција од притисокот што го создаваат пумпите или гравитацијата, а загубата на вода од дефекти се зголемува при зголемен притисок, може да се заклучи дека нивоата на истекување во повеќето системи се повисоки од она што би требало да бидат во поголемиот дел од времето.

Управувањето со притисок е еден од основните елементи на добро развиена стратегија за управување со загубата на вода од истекување и може да се дефинира како практика на одржување на притисоците во системот на оптимално ниво, со истовремено обезбедување на доволно и ефикасно снабдување за легитимни потреби. Намалувањето на загубата на вода од истекувањата со намалување на притисокот е наједноставен и најдиректен начин на намалување на загубата на вода и побарувачката во мрежата, со резултати и парични заштеди што се видливи веднаш.

Управувањето со притисок помага во намалувањето на сите три компоненти на реални загуби на вода (позадински, пријавени и непријавени истекувања). Со управување на притисокот, се намалува непотребниот или вишокот притисок, со што се елиминираат силните флуктуации во притисокот. Ова, пак, ги намалува хавариите и дефектите на цевките во мрежите за дистрибуција на вода, и со тоа помага во продолжувањето на животниот век на мрежата. Конечно, контролата на притисокот носи придобивки како за претпријатијата за водоснабдување така и за потрошувачите и доведува до заштита на водните ресурси.

Постојат голем број методи за намалување на притисокот во системот, но најчестиот и најекономичниот е со автоматски вентил за намалување на притисокот (Pressure Reducing Valve - PRV). PRV се уреди коишто се инсталираат на стратешки места во мрежата за да се намали или да се одржи низводниот притисок без оглед на узводниот притисок или промените на протокот. PRV вообичаено се лоцираат во рамките на Зоните на потрошувачка, веднаш до мерачот на проток.

Aquasave може да понуди сеопфатна програма за проценка, дизајн, инсталација и одржување на системите за управување со притисокот:

  • Оценка на соодветноста на примена на овој метод може да се изврши само по комплетирањето на испитувањата на протокот и притисокот во предметната зона, испитување на видот на корисниците и нивните потреби и евентуални можни ограничувања при контролата на притисокот.  Потоа, превземените испитувања ја дефинираат можноста и опфатот за управување со притисокот и ги идентификуваат следствените заштеди на водата и финансиските придобивки.
  • Идентификување на типот на соодветните контролни вентили и контролни уреди
  • Дефинирање на соодветни контролни режими, со цел да се постигнат саканите резултати
  • Анализа на трошоците и придобивките

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ