Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Мерење на проток и притисок

Прецизните податоци за протокот и притисокот се суштински сегмент во определувањето на перформансите на водоснабдителниот систем и неговото однесување.  Потребно е ефективно собирање и анализа на податоците со цел лицата што донесуваат одлуки да се информираат за проектите за капитални инвестиции или активностите за рехабилитација. 

Aquasave има обучен персонал за собирање, проучување и анализа на податоците добиени од мерењето на протокот и притисокот.  Потоа, овие информации се користат како клучна компонента за следење на побарувачката на вода, за студиите за хидраулика, за компјутерско моделирање, за тестирање на мерачите на проток и за откривање на истекувањата.

Ние, во Aquasave, имаме технологија којашто ни овозможува истовремено мерење на протокот и притисокот во времетраење од неколку минути до неколку денови.  Ова може да се постигне со помош на преносна опрема за мерење на протокот и притисокот во комбинација со модул за меморирање на податоци. На овој начин се утврдува профилот на анализираниот систем преку кој може да се  идентификуваат проблемите.

 

Мерење на проток

Aquasave користи најнова технологија за мерење на протокот на база на ултразвук со цел на клиентите да им обезбеди прецизно мерење на протокот во постојните цевководи, независно од нивниот материјал. Мерењето се врши од надворешната страна на ѕидот на цевката и без директен контакт со водениот столб.  Нема потреба од сечење на цевководот или од прекинување на редовното водоснабдување. Со помош на преносните ултразвучнуи мерачи на проток, Aquasave може прецизно да ги специфицира пумпите, проверува мерачите на проток или изврши мерење на потрошувачката на поедини цевководи и зони на потрошувачка. Преносните ултразвучни мерачи на проток може да се користат во степ-тест методата за утврдување на деловите од мрежата со истекувања и тоа на цевководи каде нема инсталирано мерачи на проток.

Мерење на притисок

 

За мониторинг и меморирање на вредностите на притисокот во мрежа, користиме логери на притисок, при што податоците можат да се симнуваат и анализираат на терен. Ние изведуваме теренски мерења на притисокот за потребите на начите клиенти, како што се консултантите или претпријатијата за водоснабдување, кои изведуваат проектирање, калибрација и верификација на Хидраулички модели на водоводните дистрибутивни системи. По реализација на мерењата, доставуваме детален извештај за резултатите и наодите во печатена форма. 

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ