Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Дизајн и евалуација на зони на потрошувачка (DMA)

Многу комунални претпријатија за водоснабдување ги управуваат своите водоводни мрежи како отворен систем во кој некои зони се напојуваат од меѓусебно поврзана мрежа на цевки. Општо земено, управувањето со Неприходната Вода во отворен систем се врши пасивно, при што активностите за редуцирање на неприходна вода се иницираат само кога загубата ќе стане видлива или кога истата е пријавена.

Активното управување со Неприходна Вода е возможно само со користење на зони, каде системот како целина се дели на серии на помали под-системи за кои поединечно може да се пресметаат неприходните води. Овие помали под-системи, често наречени Зони на потрошувачка (DMA) треба да бидат хидраулично изолирани со цел да се пресмета количината на водата што се губи во рамките на DMA.

Со поделбата на големите водоснабдителни системи на определен број Зони на потрошувачка, се овозможува идентификување на зоните на дистрибутивниот систем со највисоки нивоа на загуби, како и нови, скриени истекувања коишто можат да се лоцираат многу порано (скусено време за сознание за дефектот) и многу попрецизно (скусено време за лоцирање). Комуналните претпријатија за водоснабдување веднаш ги утврдуваат нивоата на истекување и идентификуваат во кој дел од мрежата постои истекување и неочекуваните исклучително високи протоци во одредена зона, доколку дотокот и истекот на DMA се следат на редовна основа. Како резултат на тоа, времето за сознание, лоцирање и поправка во однос на новите истекувања е значително скусено.

Мерењето на проток во Зоните на потрошувачка претставува постојано следење на минималниот ноќен проток во трајно изолирани DMA. Ноќниот проток се мери со користење на систем на трајно инсталирани и следени зонски мерачи на проток.

Зоните на потрошувачка што се под постојан надзор се несомнено најефикасниот начин на намалување на времетраењето на непријавените истекувања. Континуираното следење на ноќниот проток овозможува рапидно идентификување на непријавените истекувања и ги обезбедува податоците што се потребни за најекономична употреба на ресурсите за лоцирање и поправка на истекувањата.

Ние, во Aquasave, можеме да го организираме вашиот систем во Зони на потрошувачка (DMA) со цел да се контролираат загубите на вода и да ги предложиме најдобрите решенија за следење на протокот и пренесување на податоците до вашата канцеларија.

За повеќе информации во врска со DMA и за оценување на потенцијалните придобивки од воспоставување на вашиот систем на Зони на потрошувачка, ве молиме да стапите во контакт со  Aquasave.

 

 

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ