Одредување траса на непозната инсталација
Честопати, точната локација не цевките не се знае поради неточен, неажуриран или непостоечки подземен катастар. Со цел да се избегнат штетите по инфраструктурата на комуналните претпријатија во текот на ископувањата, неопходно е да се знае точната позиција на сите цевки.
Познавањето на локацијата на цевките е од клучно значење за ефективно откривање на истекувањата. Неопходно е да се знае правецот на простирање на цевките при обидите за лоцирање на одредено истекување или со земјин микрофон или со корелатор и санирање на дефектите со минимален можен прекин на водоснабдувањето. Кога операторите се запознаени со точната локација на цевката, процесот на откривање на истекувањето станува значително поекспедитивен.
Ние користиме опрема со најнова технологија и високи перформанси којашто може да ги лоцира и идентификува непознатите цевки.
Не ризикувајте – јавете нѝ се пред да почнете да копате!
Лоцирање на затрпани капаци на шахти и капи од затварачи
Честопати, по реконструкција на патиштата, некои од капите на затварачите „исчезнуваат“ бидејќи се затрупани од насипи или пак покриени од различните површински покривни елементи.
Ние, во Aquasave, користиме најсовремени инструменти за детектирање и лоцирање на капаци од шахти и капи од затварачи изработени од феромагнетен материјал и коишто можат да го пребаруваат соодветното поле и да ја утврдат точната локација на затрпаните капи на затварачи.