Проект "Намалување на неприходна вода"
Аквасеив ДОО-Регионален консултант во проектот “Намалување на непроходната вода во Југоисточна Европа”
Аквасеив ДОО Скопје, во месец јуни, 2015 е избрана како регионален консултант за Македонија и Косово во рамки на проектот “Намалување на непроходната вода во Југоисточна Европа”, имплементирана од GIZ и Aquasan (БиХ), преку Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги во Југоисточна Европа.
Во проектот учествуваат 9 претпријатија од Македонија, Косово и Босна и Херцеговина:
Македонија: ЈП “Солидарност”-Виница, ЈКП “Комуналец”-Гевгелија, ЈП “Водовод”-Кочани,
Косово: РВП “Приштина”-Подујево, РВП “Приштина”-Дренас, РВП “Приштина”-Липјан,
Босна и Херцеговина: ВИК Велика Кладуша, ЈКП “6 Март”-Горажде, КП “ВИК” а.д. Источно Сараево, Обуката, генерално ја спроведува консултантската фирма SETEC Engineering GmbH од Клагенфурт, Австрија, а како регионални експерти за намалување на неприходната вода се јавуваат г-дин Бојан Ристовски (Аквасеив ДОО Скопје) и г-дин Сеад Бадњевиќ (Arcoing Ltd Sarajevo).
Во рамки на проектот, досега се реализирани две обуки во Скопје, Македонија (17-19.06.2015) и Клагенфурт, Австрија (03-06.08.2015) наменети за техничкиот персонал на претпријатијата како дел од работниот пакет за зајакнување на капацитетите на водоводните претпријатија како и еднодневна обука во Клагенфурт, Австрија (06-07.08.2015) наменета за топ менаџерскиот кадар на комуналните претпријатија и општините.
Следи избор на по едно претпријатие од секоја земја каде, преку одредена инвестиција во опрема, ќе се имплементираат во пилот DMA најголемиот дел од знаењата стекнати на овие обуки.