Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Проект “Намалување на загубите на вода во ЈП Водовод-Куманово”

Аквасеив ДОО, во период од Април 2014 па се до Април 2015 година беже ангажирана како подизведувач на услуги на проект “Намалување на Неприходна вода во град Куманово”, финансиран од IAWD – Danube Water program, пред се, во однос на мерење на проток и притисок на повеќе од 50 локации на територија на град Куманово, вклучувајќи и активности за лоцирање дефекти.  Корисник на услугите беше ЈП Водовод-Куманово, а единствен консултант и имплементатор на сите проектни активности беше г-дин Бојан Ристовски, управител на Аквасеив ДОО.

Главната цел на овој проект беше намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на град Куманово, преку обука на техничкиот и менаџерскиот тим на ЈП Водовод Куманово и развивање на стратегија за намалување на Неприходната вода преку различни активности. Во продолжение се дадени планираните и реализирани активности во тек на проектот:
Изработка на Воден биланс, Пополнување на IBNET прашалник, Поделба на водоводниот систем на Зони на потрошувачка (DMA), Кампања за мерење протоци и притисоци, Анализа на загуби на вода и активности за локација на дефекти во селектирана Зона на потрошувачка, Обука на менаџерскиот, техничкиот и персоналот ангажиран во финансискиот сектор, Изработка на процедури за наплата и одржување на водоводната мрежа, Изработка на флаер за зголемување на свеста кај корисниците за значење и заштеда на водата, Изработка на Стратегија за намалување на загуби на вода.

 

Во тек на активностите во селектираната Зона на потрошувачка, откриени се повеќе од 15 дефекти на водоводната инсталација и реализаирана годишна заштеда на вода од скоро 200000 м3 вода, или изразено во финансиски средства по производната цена на вода, од над 40000 евра. Врз основа на калкурираните годишни технички загуби на вода (извор:Биланс на вода од 4.256.470 м3), реализирана заштеда на вода од 185.858 м3 претставува намалување наТехничката загуба на вода од 4,37%. Врз основа на официјалните податоци на ЈП Водовод Куманово, имплементирајќи ги предходно посочените и други мерки, остварено е намалување на Неприходната вода во град Куманово за 5,76% , или изразено во количина од 843.113 м3, што претставува заштеда на претпријатието од 11.356.732,00 мкд или 184662 евра.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ