Факти за истекувањата
- Дефeкт со големина 6,35 мм (1/4“) при притисок од 3 бари троши 38 м3 дневно | 1140 м3 месечно.
-
Чешма што пропушта една капка вода во секунда троши повеќе од 25 литри вода дневно! Тоа се над 9 000 литри годишно!
- Низ дупка од 3 мм во метална цевка, при притисок од 2,75 бари, истекуваат 9463 литри вода за 24 часа.
-
Тоалетно казанче кое пропушта може да потроши над 340000литри вода за 30 дена.
-
Поправките на помали истекувања на вода во домаќинството можат да ви заштедат повеќе од 10% од вашата сметка за вода.
-
Вообичаени типови на помали истекувања во домот вклучуваат протекување на чешми, протекување на казанче поради истрошен гумен прстен или заглавен пловак, дефектни вентили...Сите тие се релативно едноставни за санација и не побаруваат поголема инвестиција.
-
Повеќе од помалите истекувања може лесно да се спречат со инсталирање на уреди за заштеда на вода и спречување на непосакувано истекување.