Анализа на потрошувачката на вода
Aquasave ви нуди реализација на студии за ефикасно користење на водата и намалување на потрошувачката на вода преку програмите за ревизија на потрошувачката на вода. Со добро дефиниран пристап за подготовка на комплетна студија за анализа на потрошувачката на вода и со вклучување на клучниот персонал чиишто надлежности се јасно идентификувани, целите на субјектот можат да се исполнат со висок степен на оптимизам. Со ревизијата на потрошувачката на вода може да се идентификува степенот на нејзината реална употреба и евентуалното непотребно трошење. Резултатот на таа активност се – идентификувани места на истекување и непотребно трошење на водата, помала количина искористена вода, помалку потрошени пари!
Овие студии ги спроведуваме чекор по чекор. Првиот чекор е посета на локацијата и идентификување на главните потрошувачи на вода, преглед на постојните податоци доставени од корисникот на услугите (најчесто сметки за вода и канализација) и оценка дали постои реален потенцијал за заштеда на вода. Следниот чекор е дизајнирање на соодветна програма за мониторинг со цел да се дојде до моменталната потрошувачка на објектот. Опремата што ја користиме зависи од локалните услови - во некои случаи едноставно поставуваме дата логер (уред за снимање на податоци за проток) на постојниот водомер, а понекогаш употребуваме ултразвучен преносен мерач на проток. Дополнителните активности вклучуваат следење на притисокот во неколку мерни места, верификација на инфраструктурата, како и преглед на состојбата и исправноста на соодветните затварачи. Откако ќе се идентификува и пресмета севкупната потрошувачка на вода, тогаш можат правилно да се идентификуваат и препорачат активностите и мерките за заштеда на вода. Последниот чекор се сведува на контролно мерење на потрошувачката на вода со цел да се потврдат соодветните трошоци и заштеди. Техниките за анализа и проверка на големите потрошувачи подразбираат изведување на т.н. степ тест метода пред спроведување на акустичните и корелаторски методите на откривање на дефектите на водоводната мрежа во реално време.
Резултатите од ревизијата, врз основа на визуелните инспекции и измерените податоци, ќе му бидат ставени на располагање на клиентот, заедно со листата на предложени промени коишто ќе му помогнат на клиентот веднаш да ги намали трошоците за вода.
Контактирајте нè денес за да договориме анализа на потрошувачката на вода на вашиот објект и за да постигнете драматично намалување на вашите сметки за вода.