Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Испитување на водомер

  

Можно е да имате истекување-дефект на водоводната мрежа. Многу сопственици на куќи и одговорни лица во институциите и индустриските капацитети за прв пат стануваат свесни за дефект на водоводната инсталација на нивниот имот, институција или фабрика кога ќе ја добијат својата најнова сметка. Во време на недостаток на вода и зголемени трошоци за комунални услуги, доколку истекувањето на водата се идентификува во раните фази, тогаш може да се избегнат високите сметки за вода и зголемените финансиски трошоци.

Голем процент од истекувањата се одвиваат под земја и можно е да се потребни месеци пред да станат визуелни на површината на земјата. Многу едноставен начин на кој може да се провери дали имате истекување на вода и да дознаете колку вода се губи поради истекувањето, е да се направи тест на  водомерот:

  • Лоцирајте го вашиот водомер којшто обично се наоѓа пред куќа или зграда, во покриена шахта во близина на улицата или надворешната меѓа на имотот.
  • Подигнете го капакот на водомерната шахта и кренете го заштитното капаче на водомерот.
  • Изберете време кога не употребувате  ниту еден уред што користи вода (т.е. во текот на ноќта).
  • Исклучете ги сите уреди што користат вода. Ова значи исклучување на целата вода внатре и надвор од куќата или зградата, вклучувајќи ги тука тушевите, славините, машините за перење, системите за наводнување и сите уреди што користат вода. НЕ ГО затворајте вентилот пред и после водомерот.
  • Доколку имате резервоари и цистерни, дозволете целосно да се наполнат.
  • Направете првично читање на водомерот (осигурете се дека сте ги прочитале сите црни/бели бројки и црвени/бели бројки или бројачи).
  • Оставете ги сите уреди исклучени во текот на ноќта. Тука спаѓа и испирањето на тоалетот или користењето на топла вода.
  • Направете второ читање на водомерот веднаш следното утро пред воопшто да користите вода (осигурете се дека сте ги прочитале сите црни/бели бројки и црвени/бели бројки или бројачи).

Ако второто читање е поголемо од првичното читање, тоа значи дека соодветна кооличина вода поминала низ водомерот и најверојатно имате истекување-дефект на водоводната инсталација.

Секое истекување на вода од цевка после водомерот е на штета на корисникот и тој е одговорен за дополнителните трошоци како резултат на истекувањето и трошоците за поправка

Доколку утврдите дека имате скриено несакано истекување на вода од водоводната инсталација, побарајте нè! Ние можеме точно да ја откриеме неговата локација, со што ќе ги избегнете можните претпоставки за локација на дефектот или деструктивно копање на вашиот имот кои чинат доста пари, време и нерви. Ние посветуваме посебно внимание на одредувањето на точната локација на дефектот и тоа е гарантирано со нашата работа.

Поедноставна постапка за проверка дали имате дефект на водоводната инсталација:

  

Погледнете го водомерот. Ќе забележите на него црвен триаголник или сребрено-црн тркалезен диск кој обично се нарекува „индикатор за истекување-дефект“

  • Ако сите потрошувачи на вода се исклучени а индикаторот врти, вие имате истекување-дефект на внатрешната водоводна инсталација. Ако водомерот нема индикатор, а самата стрелка на водомерот се движи, тогаш исто така имате истекување-дефект во вашиот систем.
  • Ако на прв поглед стрелката не се движи, забележете ја позицијата на стрелката и почекајте 10 минути. Проверете го водомерот повторно, доколку состојбата се променила, имате слабо истекување кое сепак побарува негова точна локација и брза санација.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ