Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Проект за обука и откривање на дефекти, Поградец, Албанија

Во тек на месец Април, 2015 година, Аквасеив ДОО беше ангажирана на проектот “Консултантски услуги во областа на откривање на дефекти” како дел од проектот “Консултантски услуги во областа на заштита на животната средина на Охридското езеро, Фаза 3 од Германската финансиска соработка со Албанија од страна на AHT Group AG и DAHLEM lngenieure. Краен корисник на услугите беже комуналното претпријатие во Поградец, Албанија (UK Pogradec).

 

 

Проектот вклучуваше теоретска и практична обука на техничкиот персонал на претпријатието, користејќи ја нивната набавена опрема за мониторинг на проток и притисок, лоцирање траса на цевка, одредување затрпани капаци од шахти, лоцирање дефект на инсталација со Контактен микрофон, Геофон и Корелатор, логери на ниво на шум, ултразвучен мерач на проток. Дополнително, Аквасеив ДОО изработи и имплементира детална програма за мониторинг и приоритизација на деловите со зголемена загуба на вода и активности за точно одредување на дефекти на водоводната мрежа.

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ