Контактирајте нè на:
Одберете јазик:
Следете нè на

Како да проверите дали имате внатрешен дефект?

Водата за пиење е драгоцен и скап ресурс. Неоткриеното истекување на водоводната инсталација може да го чини потрошувачот илјадници денари додека водата буквално истекува во земјата.

Со едноставна проверка на вашиот водомер може да утврдите дали имате дефект на внатрешната водоводна инсталација. Во услови на контролирана состојба, кога сите потрошувачи се затворени, ако стрелката на водомерот постојано се движи, тогаш сигурно постои дефект, односно несакано истекување од внатрешната водоводна мрежа. Истотака, доколку на прв поглед стрелката не се движи, забележете ја нејзината состојба и почекајте 10-тина минути. Проверете го водомерот повторно, и доколку состојбата се променила, имате релативно мало истекување, кое сепак побарува негова точна локација и брза санација.

        

 

ЗА ТОЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОТКРИВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ И ЗАШТЕДА НА ВОДА И ПАРИ